Безбедно и привлечно училиште за сите

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Оваа учебна година нашето училиште се вклучи во нов проект „Промоција на безбедна училишна средина“,кој е поддржан од
Детската фондација Песталоци, во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Прва Детска Амбасада „Меѓаши“,
Македонски центар за граѓанско образование и СМАРТ АП – лабараторија за социјални иновации. Целта на проектот е придонес кон
остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина.
Како поддршка на функционирањето на ученичките организации во изминатиот период се организираа неколку работилници
со членовите на Училишната заедница под менторство на стручните соработници од училиштето и Зага Колодезни, локален ментор.
На работилниците учениците работеа на неколку теми и изработија ученичка иницијатива „Уредување на училишен ентериер и
екстериер со мурали и графити на тема безбедно и привлечно училиште за сите“.
Со желбата од училиштето да направиме простор кој ќе биде безбеден и привлечен за престој, се содржи нашата намера за
лично дизајнираниот ентериер и екстериер од страна на учениците, позитивно да влијаеме на нивното ментално здравје. Ќе се
потрудиме сите заедно просторот да делува сигурно, смирувачки, да поттикнува позитивна енергија и да пружа чувство на поддршка.
Изборот на боите, осветлувањето, распоредот, цртежите, графитите, пораките, сакаме да претставуваат креативен стимулирачки
простор кој ќе поттикнува ефикасност, креативност, среќа и доверба.
По направената анкета во која учениците го идентификуваа просторот кој ќе биде креативно уредуван, беше распишан конкурс
за најдобро идејно решение под менторство на Јулијана Михова, наставник по Ликовна уметност и Цветанка Карамаркова, наставник
по Македонски јазик и литература.
Жири комисијата изврши избор на најдоброто идејно решение и на денешниот хепенинг преку видео беше претставено пред
учениците и вработените во училиштето. Настанот беше збогатен со музички настап од нашите ученици под менторство на Атанас
Зафиров, наставник по Музичка уметност.
Во текот на месец април учениците ќе работат на муралите на избраниот простор.

Училишен тим

https://youtu.be/GYcdYYQeJfo?si=t2aazHWlPryh4bph

https://youtu.be/oDhC6liMfG4

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den