ГМО – Граѓанско Мировно Образование

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ГМО – Граѓанско Мировно Образование

На 8.02.2017 година (среда), во нашето училиште, како дел од проектот Мировно Образование, со реализација на активности започна со работа младинскиот клуб ГМО – Велес, формиран и предводен од професорите Драгана Тевчева, Елеонора Игновска, Елизабета Николовска, Филимена Костова и надворешениот соработник Владимир Смилев кој е сертифициран тренер на теми кои го опфаќаат токму Мировното Образование.

{besps}stories/ucebna2016_2017/gmo/sliki{/besps}

 

Во клубот земаат учество ученици од сите националности, од прва до четврта година, кои заедно со тренерите ќе разговараат на многу теми, од кои некои претставуваат сериозни проблеми во општеството, како што се насилство меѓу младите и ненасилно решавање на конфликти помеѓу нив, родова и национална дискриминација, здрава и чиста животна средина и слично ,со што ќе се охрабрат да станат активни граѓани кои ќе делуваат во име на ненасилството и мирот, и активно ќе учествуваат во донесување одлуки во нивен интерес. Работилниците ќе се одржуваат два пати месечно, поточно секоја втора среда, а нивната реализација предвидено е да заврши со завршување на учебната година.

На сите членови им посакуваме пријатна работа и сериозен пристап кон темите, кој ќе води до зеднички успех во иднина и нови можности за делување. Среќно!

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den