Во пресрет на велигденските празници, во организација на општина Велес, на 22 април во Младинскиот парк започна велигденскиот базар на кој се изложени рачни изработки и украси што го симболизираат христијанскиот празник Велигден изработени од вештите раце на велешките ракотворци. Ним им се придружија и учениците од основните и средните училишта во градот со свои рачно изработени предмети и украси.
Вредните раце на нашите Гимназијалци изработија прекрасни велигденски производи кои беа изложени на штанд во Младинскиот парк. Учениците се подготвуваа под менторство на професорката по Ликовна уметност, Јулијана Стумбова и одговорните професорки на Училишната заедница, Жанет Јанев – Сарагиновски и Благица Аризанова – Шопов.