СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“ и оваа година се вклучи во одбележувањето на 9
Мај, Денот на победата над фашизмот, кога со капитулацијата на нацистичка Германија
заврши Втората светска војна во Европа.
Директорот и вработените при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, со положување на
букет цвеќе на бистата на паднатите борци за слобода на Спомен – Костурницата, им
оддадоа почит на жртвите на фашизмот чии мошти почиваат во костурницата.