Ученичките спортистки од нашата Гимназија активно учествуваа во проектот за родова
еднаквост кој има за цел да ги зајакне девојките и да ги промовира Олимписките игри преку
работилници. На работилницата која се одржа во Европската куќа во Велес се претставија
поранешните олимпијки: Пулексенија Јовановска – поранешна олимпијка и тренер по карате,
Едина Муса – тренер во кошарка и фитнес инструктор и Наташа Мешковска – поранешна
олимпијка и тренер во пливање.
Фокусот беше ставен на развој на вештини, поставување цели и надминување на
пречките, поттикнување на самодоверба и лидерски вештини кај младите спортистки.
Настанот беше организиран од Француската Амбасада во Р.Македонија.