Викендов, во рамките на проектната активност Спортски проектни активности, ученици
од прва до четврта година од Гимназијата „Кочо Рацин“ под менторство на
предметните наставници, успешно ја реализираа тридневна планинарска тура: Велес
– Крушево – Манастирски комплекс „Св.Преображение“ и обратно.
Во прекрасна атмосфера и расположение, во преубавите предели на Крушево и
неговата околина, околу седудесет гимназијалци преку теориски и практичен пристап
беа запознати со основите на планинарењето, така што кај учениците поттикнавме
развивање на способностите за престој во природни околности, развивање на
граѓанските вредности во мини – социогрупи, совладување на поголем број вештини
од значење за развојот и здравјето поврзано со природата. Неодминлив дел беше и
посетата на културно – историските знаменитости и адреналинскиот парк. До следна
планинарска тура и авантура, спортски поздрав.
Актив по Спорт и спортски активности