По повод активностите за одбележување на Европската недела на мобилност, 2024година,
втора година по ред тимот од Општина Велес од општествено одговорните
компании: Клиничката болница „Жан Митрев”, „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л.
Македонија”, обезбеди донации во спортски реквизити (статични велосипеди, пилатес топки,
ластици, рачни тегови) кои ќе се користат во наставата по предметот Спорт и спортски
активности во Гимназијата „Кочо Рацин“.
Донираните реквизити ќе овозможат да се подигне квалитетот на наставата, учениците ќе се
чувствуваат поудобно, попријатно и со зголемен ентузијазам ќе учествуваат во
предвидените спортски содржини и активности на часовите по спорт. Подигнувањето
на свеста кај учениците за важноста на спортските активности, позитивното влијание
врз нивното здравје и на заштита на животната околина, се мотив за реализација на
Европската недела на мобилност.
Гимназијата и активот по Спорт при Гимназијата изразуваат голема благодарност до
Општина Велес и компаниите кои донираа спортски реквизити.