Тоше, во срце те носиме!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Тоше, во срце те носиме!

Традиционално, по третпат, учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, во
Амфитеатарот при Младинскиот парк, го одбележаа, 16-ти октомври, ден
кога трагично згасна, животот на дваесет и шест годишниот, Тоше Проески,
големата музичка ѕвезда од нашата естрада.
Во негова чест и оваа година, учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“,
Велес, под иницијатива на ученикот, Филип Настов и професорите-
координатори, Магдалена Сарагинова, Јулијана Стумбова Михов и Атанас
Зафиров, со поддршка на директорот, Илија Попов, организираа
хуманитарен настан и пригодна програма.
Оваа година кон чествувањето се приклучија и нашите најмали, најмили,
оние кои физички не го запознаа, но веруваме дека растеа и ќе растат со
неговите вонвременски хитови. На сцената ги поканиваме, дечињата од
Детската градинка „ Димче Мирчев“, во придружба на, Јованче Банев и
Елена Ѓорѓиевска, наставници во ООМУ „Стефан Гајдов“, за изведба на
нивната музичка точка.
Преку перформансот, „Тоше, во срце те носиме!“, Гимназијалците го
истакнаа животниот пат и дело на прерано загинатата македонска ѕвезда
која гордо чекореше на музичката сцена.
Уживавме во перформансот и музичкиот колаж од врвните музички
остварувања на Тоше, во изведба на учениците: Јана Пљокова, Милена
Димова, Изабела Жабева, ЈанаТрипуновска, Марио Заеков и учениците од
училиштниот бенд: Филип Настов, Ива Ракиџиева, Кристина Станишева,
Андреј Цецев и Матеј Богатинов.
Со своето присуство, настанот го збогатија, голем број на фанови и
почитувачи на ликот и делото на македонската национална гордост,Тоше
Проески.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den