ПРИГОДНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

 

Со пригодна програма посветена на благородната водилка во нашите
животи – книгата, учениците од нашата Гимназија го одбележаа Месецот на
книгата. Искрено добредојде, во овој прекрасен октомвриски ден, им посакавме
на учениците од деветто одделение од основното училиште: „Кирил и Методиј,
„Васил Главинов“ и „Блаже Конески“. Со надеж дека во иднина ќе бидат наши
ученици, ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и
манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и
способности.
Годинешново одбележување на Месецот на книгата го отпочнавме со
сплет од мисли посветени на важноста на книгата и читањето кои ги пренесоа
учениците: Даниела Иванова, Христијан Анастасов, Стефани Настова и
Анастасија Неделкова.
Оваа година е во знак на јубилејот 85 години од излегувањето од печат на
стихозбирката „Бели мугри“. Во чест на нејзиниот автор, основоположникот на
современата македонска поезија, Коста Солев Рацин, одбележувањето на
Месецот на книгата му го посветивме токму нему и на неговата стихозбирка
„Бели мугри“. Таа ќе остане светилник кој го осветлува и уште многу години ќе
го осветлува, нашиот јазичен, творечки и културен идентитет.
Рацин секогаш имал достојни наследници меѓу учениците во Гимназијата која
со гордост го носи неговото име. Меѓу нас се вљубениците во пишаниот збор
кои на овој настан настапија во улога на наратори: Ана Бошкова, Јана Пљокова,
Милена Димова, Кристијан Мартинов и Изабела Жабева.Тие ни ја пренесоа
тажната, баладична судбина на Ленка, мачниот труд на аргатите и љубовта за
живот човечна.
Учениците: Матеја Костова, Михаил Здравковски, Лука Андреев, Тамара
Димова, Мила Ангеловска и Лидија Костова се обидоа на учениците од деветто
одделение да им одговорат на прашањата зошто да се запишат во Гимназијата
„Кочо Рацин“, кои подрачја ќе ги изучуваат и доказ дека таа им ги отвора
вратите кон сите високообразовни институции, области и професии.
Учениците Стефани Настова и Марија Арсовска кои инспирирани од
денешниот настан посветен на Месецот на книгата, книгата „Бели мугри“ и
најголемиот поет во современата македонска литература Коста Солев Рацин,
преку цртеж илустрираа дел од неговото поетско творештво.Во музичкиот дел
на програмата настапи ученичката Анастасија Крлева. Пријатните мигови од
овој настан со својот фотообјектив ги овековечи ученичката Ивана Јанкуловска.
Техничката подготовка на видео – презентацијата беше на ученичката
Викторија Дојчинова.
Реализирањето на оваа активност беше координирана од професорите по
Македонски јазик и литература, Ликовна и Музичка уметност. Програмата ја
водеа учениците:Ана Бошкова и Александра Чатмова..
За дружењето со убавиот пишан збор го одбравме вистинското место, локалната
библиотека „Гоце Делчев“ – Велес.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den