УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА СО НОВАТА ACCESS ГРУПА ВО ВЕЛЕС

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Access English Microscholarship Програмата е едукативно-
образовна Програма за изучување на англискиот јазик и американската култура,
која се реализира во СОУ„Гимназија Кочо Рацин” – Велес, во соработка со
Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Скопје, а е финансиски
поддржана од страна наамбасадата на Соединетите Американски Држави.
На почетокот од новата учебна година, со новата Access група во Велес
започнавме интензивно со спроведување на активносите од курикулумот, но и со
организирање на посети и одржување на часoви со поканети гости .
Па така, во месец октомври 2024 година, новата Access група во Велес ја посетија
претставници од регионалната Канцеларија за англиски јазик од амбасадата на
САД во Белград, Република Србија, претставници на американската амбасада во
Скопје, како и на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Скопје.
Крајот на месецот го означија двајца гости кои за време на часовите, заедно со
учениците на интерактивен начин одржаа час и говореа за историјата на модата и
одбележувањето, традицијата и значењето на празникот Ноќ на вештерките
(Halloween) во САД.
Access Програмата во Велес успешно се спроведува од 2015 година и до сега дел
од неа беа 125 средношколци, поделени во пет Access генерации од сите средни
училишта во градот. Успешната Access приказна во Велес продолжува да се
испишува и во периодот кој претстои.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den