На ден 3.02.2025 година, во нашето училиште се одржа интерактивна
игра по предметот Физика на англиски јазик, помеѓу учениците од прва година.
Овој настан беше организиран со цел да се поттикне интересот за науката,
особено за физиката, и истовремено да се подобрат јазичните вештини на
учениците, преку практична примена на англискиот јазик. Во текот на играта,
учениците имаа можност, на креативен и забавен начин, да го демонстрираат
своето знаење од областа на физиката. Покрај тоа, тие го истакнаа својот
натпреварувачки дух, покажувајќи тимска работа и вештини за решавање на
проблеми. Настанот се одвиваше во позитивна атмосфера во која учениците
активно учествуваа, учејќи преку игра и интеракција со своите соученици.
![](https://gimkocoracin.edu.mk/wp-content/uploads/2025/02/Viber-Bild_2025-02-03_18-18-03-024-300x225.jpg)