Денес, во спортската сала при ООУ „Блаже Конески” – Велес, се одигра финалниот натпревар од меѓукласните натпревари во одбојка
, во организација на активот по Спорт и спортски активности. Во прекрасна навивачка атмосфера и преполна сала, екипата на 4-4 клас беше поуспешна од екипата на 3-2 клас и го освои првото место
и преодниот пехар
втора година по ред. Честитки за победниците и за сите учесници во натпреварите кои се одвиваа во изминатите два месеца во Гимназијата.



ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОСВЕТЕНО ВО ИНТЕРЕС НА УЧЕНИЦИТЕ
АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ 
