На ден 15.3.2025 година се одржа Меѓународната „КГЛ Олимпијада’’ по англиски јазик организирана од страна на здружението на наставници „Лингва Арт”. Домаќин на овој настан беше СОУ „Гимназија Кочо Рацин” – Велес. На натпреварот учествуваа 140 ученици од нашата држава, меѓу кои и ученици од нашата Гимназија и се натпреваруваа во пет различни нивоа.
Се надеваме и очекуваме дека нашите ученици постигнале солидни резултати. 
️Со среќа на сите учесници на натпреварот.
Повторно сте добредојдени!Успех, ништо помалку!







