Одбележување на 27 Март – Светскиот ден на театарот

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод 27 Март, Светскиот ден на театарот, учениците од јазично – уметничкото
подрачје од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес со професорките по Македонски
јазик и литература Цветанка Карамаркова, Весна Павлова и Магдалена
Сарагинова, присуствуваа на генералната проба на театарската претстава
„Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ. Покрај нив, интерес имаше и од
учениците од останатите подрачја. Претставата премиерно се изведе на 27 март
2025 година во Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес.Претставата е во режија
на Синиша Ефтимов и со неа се отвори четвртото изадние на театарскиот
фестивал „5ре“, кој оваа година за првпат е меѓународен. Иако текстот за
претставата „Госпоѓа министерка“ писателот Нушиќ го напишал одамна, дејството
се случува во денешно време, претставувајќи ги сите наши маани и предизвици во
современото живеење, но и порака за нивно надминување. Громогласниот аплауз
од страна на Гимназијалците беше доказ за трудољубивоста, ангажираноста и
посветеноста на актерите во својата професија.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den