Во турнирот организиран со учество на сите средни училишта од градот, Гимназијата „Кочо Рацин“ го освои првото место и го доби пехарот за постигнатиот успех. Преку овој спортски натпревар учениците ја покажаа и својата хуманитарност со тоа што донираа средства за потребите на Црвен крст – Велес.
Резултати:
Полуфинале – СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес 2:0 спрема СОУ „Јовче Тесличков“ – Велес.
Финале – СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес 2:0 спрема ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес.
