На 29 март на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, по четврти пат се одржа македонскиот државен натпревар за филозофската олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) во организација на Филозофското друштво на Македонија. На натпреварот учествуваа тринаесет ученици од седум гимназии (шест градови) од земјава. Согласно пропозициите на International Philosophy Olympiad, натпреварот се состоеше во пишување есеј на претходно непозната тема (со избор од три понудени теми) на англиски јазик во времетраење од четири часа.
Под менторство на професорот д-р Бошко Караџов, нашата Гимназија ја претставуваше ученичката Катерина Здравева од 2-2 клас, која како најмлада учесничка на натпреварот, во конкуренција на ученици од завршната IV (четврта) година, покажа одлични резултати и го освои значајното шесто место.