ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИДЕН НА БОРЕЦОТ
Одбележувањето на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ и Ден на борецот е можност да се потсетиме на нашето славно историско минато. Оваа година се одбележуват 77 години од почетокот на Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија, како значаен настан од нашата понова национална историја.Денот, кога храбрите синови и ќерки на нашиот народ, со пушка во рака заминале во борба за слобода на својата земја и својот народ.
{besps}stories/ucebna2018_2019/11oktomvri/sliki{/besps}
Продолжувајќи ја традиционалната соработка со Основната организација на Сојузот на борците од НОАВМ – Велес, СОУ„ Гимназија „Кочо Рацин“ учествуваше во одбележувањето на овој значаен историски датум.
Празникот беше одбележан со положување на свежо цвеќе на заедничката гробница на паднатите борци на Спомен костурницата и пригодна уметничка програма.Букет свежо цвеќе положи и делегација од Гимназијата, предводена од директорот на нашето училиште,господин Гоце Алексовски.
На значајните историски настани, од славниот единаесетти октомври 1941 година, преку историско сеќавање, не потсетија учениците од „Гимназијата – Кочо Рацин “: Сара Андреева и Ева Стојанова.
Светлите традиции, љубовта и почитта кон својата татковина, се постојан мотив во делата на нашите писатели. Со пригоден поетски колаж од родољубиви стихови настапија нашите ученички : Симона Мицева, Викторија Ванчевска и Сања Јанкова. Програмата ја водеше ученичката Теона Петрова
Одговорни професори: Соња Карбева и Весна Павлова