Дел од учениците на Гимназијата, љубители на седмата уметност, учествуваа на 15. Филозофски филмски фестивал во рамките на Едукативната програма и настанот Средношколска видео лектира. Оваа година, благодарение на соработката со Шпанската амбасада во Скопје, учениците го погледнаа филмот „Во длабокото“ (Mar Adentro, 2004), од режисерот Алехандро Аменабар. Дополнително, со своите врсници од другите средни училишта, во следниот период нашите ученици, под менторско водење на професорот д-р Бошко Караџов, ќе се натпреваруваат во пишување фил(м)осовски есеј на филозофските теми и прашањата кои филмот ги загатнува и отвора.
