НАГРАДЕНА ТВОРБА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО
И СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОСИГУРУВАЊЕТО
По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември, Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување, објави литературен конкурс за ученици од основно и средно образование во Република Македонија.
{besps}stories/ucebna2018_2019/stedenje/sliki{/besps}
На конкурсот за ученици од средно образование во категоријата есеј на тема: „ Штедам – мислам на својата иднина“, ученичката Симона Мицева од I-2 клас ја освои третата награда, под менторство на професор Александра Стојановска.
Јавното доделување на наградите се одржа на 16 ноември 2018 година во просториите на Министерството за финансии. Дипломите на учениците лично им ги додели Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски.
Одговорeн професор, Александра Стојановска