ОДБОЈКАРИТЕ НА ГИМНАЗИЈА ВТОРИ НА ЗОНСКИОТ ТУРНИР ВО ВАЛАНДОВО
Во Валандово, во спортската сала „Филип Втори“, се одигра вториот турнир од Зонската лига – Велес во одбојка (машки) за средните училишта.
Одбојкарскиот тим на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, имаше една победа и еден пораз и со тоа е втор во зоната Велес – регион Исток.
Машкиот одбојкарски тим беше во состав: Орданче Брашнаров III-4 клас, Александар Жабев II-3 клас, Роберт Јордановски IV-1 клас, Донче Бојчев IV-3 клас, Александар Караманов IV-5 клас, Филип Јовановски I-2 клас, Иван Анѓеловски III-1 клас, Јовица Виларов III-1 клас, Теодор Левков II-3 клас, Георги Бановски IV-5 клас, а под менторство на професорите: Петре Петрушевски и Илија Попов.