ТРЕТ СЕМИНАР „МАТЕМАТИКА И ПРИМЕНИ“
На 14 и 15 декември 2019 година, се одржа Третиот семинар „Математика и примени“, во организација на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
{besps}stories/ucebna2018_2019/prim_mat/sliki{/besps}
Семинарот го посетија Мариче Лазаровска, наставник по математика, со учениците од четврта година: Елена Стумбова, Емили Димовска, Борис Даев, Иво Нерков и Никола Личовски.
Целта на семинарот „Математика и примени“ е преку збир од научно-популарни предавања и предавања за наставата по математика, да придонесе за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност, за ширење и размена на добрите наставни практики, но и да предложи нови идеи за нивно подобрување.
Посетители на семинарот беа студенти и средношколци, наставен кадар од универзитетите и училиштата, како и припадници на индустрискиот и општествениот сектор и пошироката јавност.
Одговорeн професор, Мариче Лазаровска