Денес директорот и Наставничкиот совет при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес на
учениците им посакаа здравје, среќа, љубов и успех во понатамошното школување,
нагласувајќи дека секој од нив има за задача да продолжи до својата цел, гордо, смело,
со желба за успех и постигнување на солидни резултати.
Добре дојде им посакаа и на учениците од прва година, задолжувајќи ги да го
продолжат своето образование и да станат вредни работници, примерни граѓани, добри
родители кои ќе остават белег во живеењето и напредокот на нашиот град.
Несебични во своите пораки беа и водителите Кристијан Мартинов и Лана Басаров кои
на учениците од прва година им посакаа гимназиските денови да им бидат исполнети
со љубопитност, радост и верба во нивните соништа и сето она што сакаат да го
постигнат.
Искрено се надеваме дека и оваа генерација на ученици од прва година, достоинствено
ќе ја продолжи традицијата на успешни професионалци и одговорни граѓани, кои ќе го
остават својот белег и ќе го дадат својот придонес во развојот на нашето општество.
Ученици, среќно во новата 2025/2026 учебна година!
