Унапредување на наставата и раководење на образованието во 21 век

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на програмата Еразмус +, наставниот кадар при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ –
Велес присуствуваше на презентација на обуката во рамките на проектот „Унапредување
на наставата и раководење на образованието во 21 век“ во клучна акција 1, мобилност на
наставен кадар. Според проектната апликација беа предвидени следните содржини:
– учество во структурна обука „Примена на вештачка интелигенција во наставата“ за
два наставника во Италија;
– посета на работно место во училиште Еспириту Санто во Малага, Шпанија, исто
така за два наставника.
Проектот е во времетраење од дванаесет месеци, започнувајќи од 1 јуни 2025 година,
а предвидените активности ќе се реализираат во текот на оваа учебна година. Во
прекрасна атмосфера и расположение, презентацијата се реализираше во преубавите
предели на село Ореше и
неговата околина.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den