Програма за градење на капацитети за кариерно советување на наставници од средни училишта

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 11, 12 и 19 септември во Европската куќа во Велес, се одржаа тридневни
обуки, за Програмата за градење на капацитети, за кариерно советување на
наставници од средните училишта.
Главната цел на програмата е да се стекнат знаења, вештини и компетенции,
применливи во работењето и советувањето со младите. Програмата е
дизајнирана да обезбеди релевантен одговор кон потребите на младите кои се
вклучени во образовниот процес, заради полесно утврдување на посакуваната
кариерна патека и поголема подготвеност на пазарот на трудот, што води кон
побрзо вработување.
Тренери во текот на тридневната обука беа: Катерина Златанова Попова и
Славица Тасева од Асоцијацијата на советници за развој на кариера – АСК.Од
Гимназијата „Кочо Рацин“ на обуката учествуваше кариерниот тим во состав:
Магдалена Сарагинова, Цветанка Карамаркова, Анита Смилевска, Гордана
Саздова, Тања Чипевска и Лилјана Стрезова Темовска.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den