ТРАДИЦИОНАЛНО ПО 12-ТИ ПАТ ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ НА „ПАРАДА НА МИРОТ“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СОУ „Гимназија Кочо Рацин “од Велес, во рамките на проектот Мировно образование,
а во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши, по повод 21 Септември – Светскиот ден на
мирот, традиционално, по дванаесетти пат ја организираше „Парадата на мирот“ под мотото:
„Мирот гори, ако природата пламне“.
Оваа учебна година учениците, гимназијалци, заедно со учениците деветтоодделенци
ја пренесоа пораката дека грижата за природата и мирот се неразделни.
Многубројните пораки: „Мирот почнува кога природата дише“, „Кога шумите горат,
мирот исчезнува“, „Природа без смог, свет без немир“, „Секое насилство е пораз, секој мир е
победа“, „Насилството остава рани, мирот остава траги“… имаа за задача да ни испратат
порака дека треба да чекориме обединети за свет каде што дијалогот го победува
насилството, а почитта кон природата е патот до вистинскиот мир.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den