„Училишта кои се грижат за менталното здравје на учениците“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 24 и 25.9.2025 година, класните раководители на паралелките во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, присуствуваа на обука која е  дел од проектот „Ментално здравје на средношколци“ како учесници во процесот на трансформација со фокус на менталното здравје и благосостојбата. Со тоа на нашето училиште му се овозможи  право на стекнување на ознака „Училишта кои се грижат за менталното здравје на учениците“.  За имплементација, обуката е одобрена од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Реализацијата предвидува обуки и за ученици и ученичка заедница,  но и имплементација и реализација на воннаставни активности за менталното здравје.

Координатор на проектот: Благица Аризанова Шопов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den