Безбедно поврзани! Паметно заштитени!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Со цел да се обезбеди побезбедно дигитално искуство за учениците, на
ден 30.9.2025 година, учениците и наставниците од нашето училиште ја
проследија обуката спроведена од страна на претставници од MKSafeNet –
првиот Национален центар за побезбеден интернет во земјата кој произлегува
од програмата Digital Europe. Програмата е фокусирана на поддршка на
Национланите центри за побезбеден интернет во земјите на ЕУ, но и земјите
кандидати за членство во ЕУ. Основната цел на MKSafeNet е да овозможи
безбедно дигитално искуство за младите преку користење на алатки и знаење
за одговорна навигација во дигиталните технологии и услуги, како и да ги
оспособи поединците брзо да ги препознаат интернет ризиците и да ги
разберат начините за известување за постоечките проблеми. MKSafeNet е
посветен и на обезбедување на механизми за поддршка на жртвите на сајбер
малтретирање, децата со посебни или специфични потреби, вклучувајќи ги и
оние од обесправени или ранливи средини. Овој иновативен проект ја
трансформира онлајн безбедноста поставувајќи нови стандарди за заштита на
децата и младите во дигиталниот простор. MKSafeNet се спроведува со
поддршка од Министерството за Дигитална Трансформација и останати
партнери на проектот, меѓу кои се универзитетите: УКИМ – ФИНКИ, УКЛО, ГДУ,
СЕЕУ, невладини организации:Меѓаши, СКМ и други, советодавни партнери:
Биро за развој на образованието, кои обезбедуваат сеопфатен пристап кон
решавањето на предизвиците поврзани со онлајн безбедноста.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den