Во рамките на Програмата Access English Microscholarship, дваесет и пет ученици од средните училишта во Велес – стипендисти на оваа престижна програма поддржана од Амбасадата на САД во Скопје и организацијата FHI 360, учествуваа на тридневен летен камп во периодот од 17 до 19 септември 2025 година. Кампот се одржа во хотелот „Солферино“ во Струга, во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а со поддршка од менторите Владимир Смилев и проф. Елеонора Панова.
На кампот учествуваа и Access групите од Пробиштип, Радовиш и Струмица, кои овозможија збогатување на искуствата преку меѓуучилишна соработка и нови пријателства.
Особено значајна беше посетата од господинот Charles M. Santiago Morales, Public Diplomacy Officer при Амбасадата на САД во Скопје, кој одржа инспиративна презентација по повод Денот на уставот на САД (Constitution Day). Дополнително, претставници од American Corner – Струга, организираа креативни виртуелни игри и интерактивни работилници, кои ги поттикнаа учениците на критичко размислување, тимска работа и комуникација на англиски јазик.
Покрај едукативниот дел, кампот понуди и простор за дружење, претставување на лични таленти и размена на идеи. Учениците се вратија со нови знаења, мотивација и пријателства кои ќе траат долго.
Access English Microscholarship е едукативна програма за изучување на англискиот јазик и американската култура, која се реализира во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“- Велес веќе петта генерација, во соработка со МЦГО – Скопје, а е финансиски поддржана од Амбасадата на САД во Скопје и FHI 360.