На ден 9.10.2024 година во нашето училиште се спроведе гласањето од страна на учениците од прва до четврта година за избор на претседател на Учeнички совет. Кандидатите Ања Трајковска од 3-2 клас и Лука Андреев од 2-2 клас, со своите тимови во изминатиот период пред Гимназијалците ги презентираа програмите и идеите за работата на Ученичкиот совет. Врз основа на резултатите од гласањето на учениците, за претседател на Ученичкиот совет е избрана учениката Ања Трајковска од 3-2 клас. И посакуваме успешно да ги реализира планираните активности во соработка со учениците и наставниците во Гимназијата.
