Гимназијалците учествуваа на работилница „Еко Муабети“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 11.12.2025 година, во  Европската куќа во Велес се одржа работилница „Еко Муабети“, организирана од еко – одборот на СОУ „Гимназијата Кочо Рацин“ – Велес и групата „Зелени Борци“. На работилницата учество земаа претставници од „Зелена Народна Стража“, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, како и ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес од прва и  втора година и учениците од четврта година од природно – математичкото подрачје, група Б под менторство на професорите по биологија и физика. Настанот го водеше ученикот Михаил Здравковски, а фотографиите за истиот ги изарботи ученикот Љубе Лазов.
Работилницата започна со претставување на целите и кратка игра за запознавање. Потоа следеше дискусија за екологијата, еколошките проблеми во Велес и односот кон природата. По паузата, учениците во групи снимаа кратки видеа на тема „Еко навики“. Работилницата заврши со играта „Погоди која земја“.
Настанот покажа дека кај младите постои вистинска желба и енергија за создавање позелена и поодржлива заедница.
Одговорен професор: Елизабета Николовска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den