Во знак на почит кон го ликот и делото на нашиот патрон, активностите за одбележување на истиот ги отпочнавме денес со историска работилница на тема: „Кочо Рацин и неговите „Бели мугри“. На наше големо задоволство, на работилницата присуствуваше професор д-р Виолета Ачкоска, која со своето исцрпно излагање ни ги пренесе знаењата поврзани со Кочо Рацин како поет, револуционер и историска личност.
Присутните ги поздрави директорот на Гимназијата, господин Илија Попов.Тој искажа благодарност за присуството на нашите гости, пред се на учениците од деветто одделение и нивните наставници. Искрено
добредојде на нашите гости им посакаа и професорите по Историја, Сашко Николовски и Валентина Ристова – Арсовска, професорот по Филозофија, Бошко Караџов и професорката по Македонски јазик и литература, Весна
Павлова. Учениците од Гимназијата и нашите гости, учениците од деветто одделение од основните училишта во градот, преку дискусија поттикната од обраќањето на професорката Ачкоска, му оддадоа почит на ликот и
делото на нашиот патрон.







