ПОЕТСКО-МУЗИЧКИ КОЛАЖ ВО ЧЕСТ НА ЉУБОВТА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПОЕТСКО-МУЗИЧКИ КОЛАЖ ВО ЧЕСТ НА ЉУБОВТА

„ Каде што има љубов има и живот “

Со оваа мисла на големиот борец за човекови права и мислител, Индиецот Махатма Ганди, го одбележавме денот кој ја слави љубовта, како најблагородно човечко чувство. Овој ден во католичкиот календар е посветен на св. Валентин, заштитникот на вљубените.

{besps}stories/ucebna2018_2019/valentineday/sliki{/besps}

 

Празникот, кој ја величи љубовта, е прифатен во многу земји во светот и се слави како Ден на вљубените.

Празникот, кој ја величи љубовта, е прифатен во многу земји во светот и се слави како Ден на вљубените.

„Каде што има љубов, има и живот“ е мотото на нашето празнување на љубовта. Оваа благородна мисла ја одбравме како инспирација за литературниот и ликовниот конкурс кој традиционално го распишуваме секоја година.

Ги поканивме младите поети од основните училишта да создаваат стихови за љубовта. Добивме многу убави творби, а најуспешните ги наградивме. Наградите на учениците им ги додели директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, господин Гоце Алексоски, кој воедно ги поздрави гостите.

Третата награда рамноправно ја поделија следните ученици: Филип Филипов од ООУ „Даме Груев“ – Градско, ментор Лидија Каратулкова; Анѓела Темелковска од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ментор Валентина Стефанова; Лазар Пановски од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ментор Василка Палитова.

Со втора награда се наградени учениците: Теа Спировска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Велес, ментор Анита Мирчева; Тамара Илијевска од ООУ„Блаже Конески“ – Велес, ментор Костадинка Атанасова.

Прва награда за својата поетска творба доби ученичката Ивона Бојковска од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ од Сујаклари, ментор Маја Стојанова.

Пофалени беа творбите на: Дамјан Ристов, Никола Циунов, Анѓела Темелкова, Викторија Маџовска и Ангела Драган од ООУ „Васил Главинов“; Моника Брашнарова и Андреј Андреев од ООУ „Св. Кирил и Методиј“; Катерина Кариланова од ООУ „Блаже Конески“; Валерија Крстева од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ од Сујаклари; Василиса Петрушевска од ООУ „Петре Поп-Арсов “од Богомила; Ајла Лековиќ и Сара Бериша од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Оризари; Ангела Настова, Петар Стојановски и Весна Андреева од ООУ „Даме Груев“ – Градско.

На конкурсот пристигнаа и две творби на мајчин, бошњачки јазик, кои ни ги испратија учениците: Ајла Лековиќ и Елмин Цамовиќ.

На конкурсот пристигнаа творби и од учениците од нашата Гимназија.

Третата награда им се додели на учениците: Бојана Спасовска, ментор Цветанка Карамаркова; Ленче Ѓорѓиова, ментор Александра Стојановска; Михаил Павлов, ментор Јовица Темов.

Со втора награда наградени се учениците: Меланија Стојанова, ментор Александра Стојановска; Сара Николова, ментор Магдалена Сарагинова.

Со прва награда се закити ученикот Иво Мирчев, ментор Јовица Темов.

На конкурсот учествуваа и ученици со творби на мајчин, албански јазик. Наградени се следните ученици:

Со трета награда Вјолца Етемова, со втора награда Асмир Таировски, со прва награда Сенафи Адемов, сите под менторство на Линдита Маликова.

Младите ликовни уметници беа инспирирани да творат за љубовта и на ликовниот конкурс пристигнаа повеќе успешни творби. Најуспешните се закитија со награди.

Во категоријата основни училишта наградени се следните ученици:

Во категоријата основни училишта наградени се следните ученици:

Со прва награда се закити ученикот Давид Фазлиов од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор Илко Стојановски.

Од младите творци од Гимназијата со награди се здобија следните ученици:

Втората награда рамноправно ја поделија нашите ученици: Сандра Јованова, Елена Настова и Тамара Трајановска.

Со освоена прва награда ќе се гордеат учениците: Емина Атемовска и Сандра Митревска. Ментор на сите наградени ученици е професорот по ликовна уметност, Крсте Шупев.

Во музичкиот дел од програмата настапија ученичките: Катерина Николова, Ева Димитриева и Пале Зврцинова, во музичка придружба на Кире Ацевски и Виктор Тодоров.

Ученичките Ева Димитриева, Пале Зврцинова и Зорица Илиева изработија пригодни подароци инспирирани од мисли за љубовта. Ученикот Зоран Нацев изработи видео-презентација од фотографии со мотиви: љубов и вино. Програмата ја водеа ученичките: Симона Мицева и Ева Стојанова.

Организатори на настанот беа професорките: Соња Карбева и Весна Павлова. За музичкиот дел на програмата одговорен беше професорот Атанас Зафиров. За организацијата на ликовниот конкурс се погрижи професор Крсте Шупев. Во организацијата беа координирани и членовите на Стручниот актив по мајчин јазик и литература.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den