На 2 декември 2025 година, во големата сала на Општина Велес се одржа едукативно предавање на тема „Важноста на физичката активност и развојот на човекот“. Предавањето го одржа проф. д-р Горан Никовски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје.
Предавањето беше наменето за ученици од основно и средно образование и имаше за цел да ја истакне важноста на редовната физичка активност за правилен раст, развој и здравје. Настанот го следеа околу двесте ученици, а однашата Гимназија учество земаа околу осумдесет ученици од прва до четврта година, тројца професори и директорот.
Присуствуваа и дваесеттина наставници по Спорт и спортски активности и Физичко образование од училиштата во општината, кои со своето присуство ја поддржаа промоцијата на здрави навики и активен начин на живот кај младите.







