РАБОТИЛНИЦА ВО СОРАБОТКА СО МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА „МЕЃАШИ“
На 27 февруари, во просториите на нашата Гимназија, се одржа работилница од областа на Социјалната правда.
{besps}stories/ucebna2018_2019/mirovno1/sliki{/besps}
Професорите Славица Спасевска и Биљана Цветкова-Величковска организираа интересна работилница со ученици од неколку класови. Учениците се осврнаа на актуелни ситуации, како нееднакви права за лицата со посебни потреби, инвалидизирани лица, маргинализирани групи, нееднакви шанси за образование и вработување и непочитување на работничките права.
Учениците се обидоа да изнајдат решение за овие ситуации, движејќи се од тоа што треба да направи општеството, заедницата и тие самите.
На сите учесници им благодариме за ангажираноста.