Брајово писмо, Морзеова азбука и гестовен јазик

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод Светскиот ден на глуви и наглуви лица (28 Септември) и Меѓународниот ден на белиот стап, симбол на слепите лица (15 Октомври),  Access   групата од Велес беше посетена од Сашо Илов, претставник на Здружението на глуви и наглуви лица и Тони Пајдаков, претставник од Здружението на слепи и слабовидни лица од Велес.

Гостите преку едукативни предавања, демонстрации и интерактивни игри, им овозможија на учениците подобро да го разберат секојдневието, предизвиците и начинот на комуникација на лицата со оштетен вид и слух.

Гостувањето имаше за цел да ја поттикне свеста, емпатијата и инклузивноста кај младите, како и да придонесе за поголемо почитување и поддршка на лицата со попреченост во заедницата.

Изразуваме голема благодарност до гостите и сите ученици за нивната посветеност и инспиративна соработка.

 Access English Microscholarship Програмата е едукативно – образовна програма за изучување на англискиот јазик и американската култура, која се реализира во СОУ „Гимназија Кочо Рацин” – Велес, во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Скопје, а е финансиски поддржана од страна на амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den