Тоше, во срце те носиме!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Традиционално, по четврти пат, учениците од СОУ „Гимназија Кочо
Рацин“, во салата „Бели мугри“, го одбележаа, 16-ти октомври, ден кога
трагично згасна, животот на дваесет и шест годишниот, Тоше Проески,
големата музичка ѕвезда од нашата естрада.
Во негова чест и оваа година, учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“,
Велес, под менторство на професорите: Магдалена Сарагинова, Јулијана
Михова и Атанас Зафиров, со поддршка на директорот, Илија Попов,
организираа хуманитарен настан и пригодна програма.
Оваа година кон чествувањето се приклучија и нашите најмали, најмили,
оние кои физички не го запознаа, но веруваме дека растат со неговите
вонвременски хитови. На сцената ги поканиваме, дечињата од Детската
градинка „Димче Мирчев“, кои со две музички точки го збогатија настанот.
На сцената кон присутните гости се обрати Филип Настов, нашиот
поранешен ученик, учесник и еден од иницијаторите на настанот.Тој упати
зборови, полни емоција и почит кон големиот човек и уметник – Тоше
Проески.
Преку перформансот, „Тоше, во срце те носиме!“, ученичките Изабела
Жабева, Лана Ракиџиева и Лана Басаров, нè потсетија на животниот пат и
дело на прерано загинатата македонска ѕвезда која гордо чекореше на
музичката сцена.
Некогаш зборовите сами се пишуваат — кога срцето зборува место тебе.
Така настанале стиховите на ученичката Јана Пљокова… напишани во миг на
тишина, во миг кога го почувствувала присуството на Тоше… некаде меѓу
светлината и спомените. Зборовите оживеаја преку гласот на нашата
ученичка, Лана Басаров која од срце ја изрецитира песната, посветена за
Тоше.
Уживавме во музичкиот колаж од врвните музички остварувања на Тоше, во
изведба на ученичките: Ива Ракиџиева, Изабела Жабева, Кристина
Станишева, кореографија Лана Ракиџиева и Марија Симоновиќ во придружба
на учениците од училиштниот бенд: Андреј Цецев, Матеј Богатинов, Бубе
Лазов, Димитар Илиев и Ангел Димов.
Низ настанот не водеа учениците: Јана Пљокова и Кристијан Мартинов.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den