Учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ многу често се вклучени во културните
активности во нашиот град. Нашите ученички: Вања Крстовска, Лана Ракиџиева и Деспина
Стојанова учествуваа на отворањето на вториот Меѓународен фестивал на сатира „Џинот“, кој
на 30 и 31 октомври 2025 година, се одржува во Велес, а е посветен на Јордан Хаџи
Константинов Џинот, кој бил еден од првите афористичари во Македонија. Тие читаа
афоризми од Џинот на тема човек.
Група ученици од нашето училиште беа да го проследат отворањето и да се запознаат
со некои помалку познати аспекти од животот и дејноста на Џинот, кои во своето излагање ги
презентираше професор д -р Елизабета Бандиловска, професор на Педагошкиот факултет „Св.
Климент Охридски“ во Скопје.
Актив по мајчин јаик и литература







