Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес се спроведе анонимна анкета помеѓу учениците од втора до четврта година, за избор на ученички правобранител кој се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето.
Според бројот на добиени гласови и направената анализа од предложените ученици,
ученичката Катерина Здравева од трета година е избрана за Ученички правобранител, а
ученикот Димитар Кузманов е избран за заменик Ученички правобранител во
СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Виктор Здравев и Сеада Шабановиќ се членови на тимот на Ученичкиот правобранител.







