Работилница за спроведување анализа на состојбата на меѓуетничките односи во образованието и културата

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и
Програмата за работа на Владата на РСМ 2024 – 2028 година, како и активностите на
Министерството за односи меѓу заедниците, предвидено е спроведување анализа на
состојбата на меѓуетничките односи во образованието и културата. Истражувањето треба
да ја прикаже состојбата на меѓуетничките односи во образованието и културата.
Во таа насока на 5.11.2025 година во просториите на нашето училиште се спроведе
дискусија со фокус група со родители и претставници од Министерството за односи меѓу
заедниците, Меѓуресорската работна група за спроведување анализа на состојбата на
меѓуетничките односи во образованието и културата. На истата се споделија  искуства,
ставови и препораки во врска со меѓуетничките односи со цел да се обезбеди подобар
образовен амбиент во училиштето.
Голема благодарност до родителите, претставниците од Министерството и стручните
соработници на училиштето за поддршката и соработката.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den