Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 19 и 21 ноември 2025 година, во рамките на проектот „Промоција на безбедна
училишна средина“, во нашето училиште се одржаа две едукативни
работилници со ученици од прва и втора година од страна на врснички
едукатори на тема: „ Преку врсничка медијација до ненасилна комуникација“.
Работилниците беа поддржани од проектниот партнер Прва детска
амбасада во светот Меѓаши, а нивни претставници имаа консултативна средба
со членови од Советот на родители од училиштето.
Во улога на врснички едукатори беа учениците од трета година: Ана
Куновска, Теона Гаштарска, Ања Трајковска, Нина Митевска, Бојана Мицевска,
Теодора Панова, Мила Петковска, Амина Мустајбашиќ, Никола Стојановски и
Матеја Андреева.
Според концептот за врсничка едукација, нашите врснички едукатори
ставија посебен акцент на подобрување и развој на капацитетите кај учениците
за препознавање на различните стилови на комуникација со посебен акцент на
врсничката медијација. Целта на овие работилници е преку врсничка едукација
да се придонесе за подигнување на свеста кај учениците за меѓусебна
поддршка и градење позитивна безбедна училишна средина.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den