На 18 ноември 2025 година, во прекрасната атмосфера на Народниот театар „Јордан
Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес се оддржа извонредна оперска изведба која им
приреди незаборавно доживување на сите присутни. На сцената настапија: Билјана
Камчева Божиновска – флејта и сопран и Ана Гацева – пијано придружба.
Посебна чест беше присуството на учениците од СОУ,,Гимназијата Кочо Рацин” – Велес,
кои заедно со своите ментори уживаа во уметничката програма и имаа можност
поблиску да се запознаат со светот на операта.
Публиката уживаше во програмата исполнета со емоција и врвна музичка изведба.







