Завршен настан од проектот „Читај и меѓу редови“
На 28. III 2019 година, во Кавадарци, во ресторанот „Моклиште“, се одржа завршниот настан на проектот: „Читај и меѓу редови“, на тема: „Медиумска писменост и градење на критички став“. Проектот беше имплементиран од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес. Од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, свое учество земаа триесет и седум ученика, од прва до четврта година, под менторство на Магдалена Сарагинова, професор по Македонски јазик и литература.
{besps}stories/ucebna2018_2019/Завршеннастан/sliki{/besps}
Целта на проектот беше зголемување на свеста кај младите во Вардарскиот регион, за критичко размислување, преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста со користење на аргументи и компетентност.
На денешниот завршен настан, учествуваа и учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, кои заедно со нашите ученици, членови во проектот, ги промовираа шеснаесетте медиумски производи за телевизијата КТВ и веб-порталот „Дума“. Лидерите на ученичките тимов од нашата Гимназија: Симона Мицева, Матеа Несторова, Меланија Стојанова, Марко Ингилизов, Јована Јовановска, Филип Јованов и Симона Андреева, ги промовираа осумте приказни, наменети за веб-порталот на „Дума“.
Еве на кои теми нашите ученици истражуваа и за истите подготвија осум новинарски текста:
Хигиенските услови во здравствените установи;
Односот на здравствените работници со пациентите;
Проблемите во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“;
Судските спорови и долготрајноста на судските постапки;
Културна младинска сцена;
Бездомни животни;
Училишните ходници како модни писти;
Учениците покажаа дека умеат да размислуваат критички и да донесуваат свои ставови по гореспоменатите теми. Тие многу сериозно ја сфатија улогата на новинари, без разлика што се релативно млади. Стекнаа знаења и искуства од работилниците што успешно ги водеше, експертот-новинар, Саше Димовски. Горди сме што за краток временски период нашите ученици постигнаа видливи резултати и направија успешни стории и нивни презентации.
Голема благодарност до директорот на Гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес, господин Гоце Алексоски, кој нè поддржуваше и следеше во сите наши активности и нè удостои со неговото присуство на завршните моменти од проектот.
Одговорeн професор, Магдалена Сарагинова