Искрена смеа и топли аплаузи како награда за младите актери

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Искрена смеа и топли аплаузи како награда за младите актери

Како дел од активностите за презентација на нашата Гимназија пред учениците од деветто одделение и оваа година подготвивме театарска претстава. Со гордост и со големо задоволство, можеме да кажеме дека младите актери од нашето училиште беа на исклучителна висина на својата задача. Со својата успешна актерска игра тие измамија искрени насмевки на лицата на својата публика. Топлиот и долг аплауз по завршувањето на претставата уште еднаш им потврди на младите ентузијасти на сцената дека тоа што го работеа со многу љубов, посветеност и трудољубивост, на крај ги даде вистинските резултати.

{besps}stories/ucebna2018_2019/младитеактери/sliki{/besps}

 

Подготовките започнаа со избор, превод и адаптација на драмски текст. Учениците Петар Андреев и Кире Ацевски решија да го подготват текстот за претставата „Плодна година“ од хрватскиот писател Синиша Посариќ. Режисер на драмскиот текст беше ученикот Петар Андреев. Во претставата свои улоги добија учениците: Кире Ацевски, Бојана Василковска, Талија Ѓорѓиева, Михаил Павлов и Петар Миновски. Понекогаш е потребен и суфлер, па тоа беше Кејти Андоновска. Изборот на музиката, сценските ефекти, костумите, шминката и реквизитата беше на целокупниот актерски тим. Идејното решение за плакатот го изработи ученичката Александра Митевска, а технички го изработи ученикот Дино Јанакиев. За изгледот на сценографијата се погрижи професорот по ликовна уметност, Крсте Шупев. Техничката поддршка за звучни и визуелни ефекти ја имаше ученикот Зоран Нацев.

Во оваа прилика сакаме јавно да му се заблагодариме на градоначалникот на Општина Чашка, господин Горан Стојановски, за несебичната финансиска помош со која ни овозможи изработка на сценографијата за претставата.

Подготовката на оваа успешна театарска претстава ја координираа професорите од Активот по македонски јазик.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den