Во рамките на кампањата „Без пиротехника за побезбедни празници “, од страна на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и СВР – Велес, на ден 24.12.2025 година во нашето училиште за учениците од прва година се одржа предавање на тема „Без пиротехника за побезбедни празници“. На предавањето присуствуваше лекар од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и претставници од СВР – Велес.
Тие, присутните ученици ги запознаа со несаканите ефекти и последиците од
користењето на пиротехнички средства истакнувајќи дека нивното користење е
строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително
опасно по животот и здравјето, оставајќи тешки последици врз животот на
младиот човек. Целта на предавањето е да се подигне свеста кај младите за опасностите од користењето на пиротехничките средства и несаканите последици што можат да бидат предизвикани од нивното користење.







