Божиќна претстава ,,Finding the Christmas spirit”

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Традицијата за организирање на Божиќна програма по повод
католичкиот Божиќ, продолжи и оваа учебна година како завршен настан од
низата активности по повод 168 годишнината од одбележувањето на
Патрониот празник на Средното општинско училиште „Гимназија Кочо
Рацин“. Божиќната претстава ,,Finding the Christmas spirit” се одржа на 24
декември 2025 година, во организација и реализација на учениците од
билингвалната паралелка од втора година.
Со големо задоволство им се приклучија и учениците од останатите
паралелки кои учествуваа во бендот и хорот. Програмата беше збогатена со
музички точки во кои беа вклучени, како новогодишни, така и други
популарни мелодии. Голема благодарност до изненадувањето на вечерта,
гостувањето на учениците од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“
– Велес, кои ја збогатија програмата со свој настап и уште еднаш на свој
начин придонесоа топлина во срцата на присутните.
Целта на овој настан е запознавање со традициите, јазиците и културата
на одбележувањето на Божиќ кај различни народи. Со оваа програма
учениците ја покажаа својата почит, љубов и огромната посветеност кон
изучувањето на странските јазици.  Одржувањето на овој настан беше
координиран од професорките: Благица Аризанова Шопов и Жанет Јанев
–Сарагиновски.
Посебна благодарност за несебичната поддршка од техничкиот
персонал, професорот Хавиер Албисурез од мировниот корпус, професорката
по Ликовна уметност, Јулијана Михова која се погрижи за уредување на
сцената и до професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров за неговата
професионална поддршка, како и до тимот на ,,Киноверзум”-Велес.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den