На последниот училиштен ден од оваа година, учениците и вработените во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес ги посети Дедо Мраз, упатувајќи им искрени честитки за добро здравје, среќа, успех и безброј насмевки. На најмалите, дечињата на нашите колеги, им подели новогодишни пакетчиња со желби за среќно и безгрижно детство.
Директорот на училиштето, Илија Попов, на голем број ученици од Гимназијата им додели благодарници преку кои ја истакна посветеноста и креативноста на учениците во повеќе области, како и професионалноста на наставниот кадар.
Со бројни награди постигнати на државно и меѓународно ниво, признанија, хуманитарни акции, објавување на училишни весници, спортски натпревари и аплаузи кои се уште одзиваат од одиграните театарски претстави, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ја одбележа 2025 година како година на творечки подем и креативна енергија.







