Mузички настан по повод Денот на вљубените (Свети Валентин) и Денот на виното (Свети Трифун)

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод Денот на вљубените (Свети Валентин) и Денот на виното (Свети Трифун), во нашето училиште се одржа  музички настан. Учениците:Ива Ракиџиева, Кристина Станишева, Теона Тосевска и Марко Стојановски, преку изведба на неколку музички композиции ги одбележаа овие празници. Музичките точки беа подготвени во соработка со професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров. Во улога на водител настапи ученикот Љубе Лазов, а настанот се реализираше на иницијатива на ученичката Кристина Станишева. Искажуваме огромна благодароност до учениците од јазично – уметничкото подрачје, кои под менторство на професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова, со прекрасните изработки го украсија училиштниот хол за овој прекрасен ден.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den