21 Февруари – Меѓународениот ден на мајчиниот јазик

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
Во чест на 21 февруари, Меѓународениот ден на мајчиниот јазик, Младинскиот центар Велес, во соработка и со поддршка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, организираше инспиративна и едукативна работилница за значењето на мајчиниот јазик.
На работилницата поканети беа ученици од средните и основните училишта од општина Велес.
Гостин – предавач беше Магдалена Сарагинова, професор по Македонски јазик и литература во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“- Велес. Таа ги запозна учениците, за потеклото, развојот низ вековите како и за значајните карактеристики на македонскиот јазик, по кои тој се разликува од другите балкански јазици. Говореше и за богатството на дијалектите, улогата на јазикот во градењето на личниот и културниот идентитет, како и за важноста од негово негување во современото општество. Дополнително се осврна на правилната јазична употреба и предизвиците со кои денес, се соочува македонскиот јазик. Таа потенцираше дека сите ние, а посебно младата генерација, нашата иднина, треба да го цениме, почитуваме, чуваме, негуваме и употребуваме македонскиот јазик, зашто тој е наша светост, наше богатство, наш идентитет, наша татковина.
Свое обраќање пред присутните имаа и директорката на библиотеката, Снежана Бошевска и Ивана Јордева, кои присутните ученици ги воведоа во интерактивната групна активност „Збор што нè опишува“. Учесниците споделија лични пораки и ги поставија на заедничка табла, создавајќи инспиративна јазична приказна, сведоштво дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и мост што нè поврзува.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den