регионалниот круг од Економската олимпијада 2026

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Учениците од  СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, постигнаа  солидни резултати на регионалниот круг од Економската олимпијада 2026организирана од Иститутот Либерална Алтернатива. На истата од нашата Гимназија  на националниот круг на натпреварот се пласираа пет ученика.

Најдобро рангирана е Марија Спасеска од IV-3 клас, која со освоени 97 поени го освои првото место во регионот и доби награда лаптоп. Меѓу најуспешните се и Александра Панова  од IV-2 клас , Сара Секуловска и  Јана Пљокова од IV-1 клас и Ивона Ѓорѓиевска  од IV-3 клас, кои исто така се пласираа во следната фаза.

Со постигнатите резултати, учениците уште еднаш го потврдија квалитетот на наставата и посветеноста кон економските науки во училиштето. Гимназијата е горда на постигнувањата на своите ученици, давајќи им понатамошна поддршка во подготовките за националниот круг, каде што ќе имаат можност да ги истакнат своите знаења со најдобрите ученици од државата.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den