Успешно реализирана заедничката иницијатива на Активот по спорт и гимназијалците кои се дел од невладината организација „Зелени Борци“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
Во текот на вчерашниот ден организиравме хајкинг тура со искачување на ридот Вршник од страната на река Тополка, проследена со еко-акција за собирање отпад.На истата учествуваа педесетина ученици заедно со своите професори и директорот на училиштето.

Поминавме интересно и физички активно претпладне исполнето со дружење, тимска работа и позитивна енергија. Учениците имаа можност подобро да ја запознаат непосредната околина на градот, да се социјализираат на поинаков начин и активно да придонесат кон зачувување на природата.

Со ваквите активности ја подигнуваме свеста и активно промовираме еко-активности за значењето на чистата и здрава животна средина, поттикнувајќи одговорност и личен пример кај младите.

Оваа иницијатива уште еднаш покажа дека спортот, екологијата и младинскиот активизам одат рака под рака.

Очекувајте уште многу интересни, едукативни и продуктивни соработки во периодот што следи! 💚🌿
Продолжуваме посветено во интерес на учениците!
Актив по Спорт

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den